Стојановски за Телма: Автобусите на ЈСП наскоро ќе почнат да возат низ градот – утре ќе се исплатат септемвриските плати

Сите автобуси на ЈСП за кратко време ќе почнат да возат низ градот, вели за Телма претседателот на ССМ- ЈСП, Миќо Стојановски. Оваа одлука се должи на обезбедени 2 милиони евра од буџетот на Град Скопје за функционирање на ЈСП и за септемвриските плати кои утре ќе ги земат вработените во ЈСП.

извор: Телма