Ковачевски на средба со Н.В. шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум премиер на Обединетите Арапски Емирати

Премиерот Димитар Ковачевски по средбите со раководствата на инвестициските фондови во рамки на посета на Обединетите Арапски Емирати, оствари средба со премиерот Н.В. шеикот  Мухамед бин Рашид Ал Мактум, кој воедно е заменик претседател и министер за одбрана.

Премиерот Ковачевски во разговорите со премиерот на ОАЕ, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум, искажа благодарност за приемот и за добрите односи меѓу двете земји со потенцијал за уште поголема соработка во иднина.

На состанокот дискутираа за напорите кои Владата ги прави за ублажување на последиците од енергетската криза, за важноста од нови инвестиции за нашата земја во услови на економско-енергетска криза како и за важноста од поддршката од Фондовите за развојни проекти кои ќе значат стимул за домашната економија.

Беше констатирано дека ОАЕ гледа потенцијал за инвестиции во нашата земја и тоа во обновливи извори на енергија, агро-бизнис со фокус на производство на храна, туризам и инфраструктура.

Оваа средба значи потврда за продлабочување на натамошната соработка и продолжување на разговорите со инвестициските Фондови на Абу Даби за реализација на развојни инвестициски проекти.

 

извор: Влада

фото: Влада