Гордан Георгиев повика ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да ја отстранат Данела

0
325
Долгогодишниот член на СДСМ кој еден период беше и потпретседател на партијата, а денес е универзитетски професор Гордан Георгиев во свој пост на ФБ повика СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да ја “отстранат” Данела од функцијата бидејќи била срам за сите и нешто што не мора да го трпат жителите на Скопје.
-Ретко искажувам дневно- политички ставови, ама дечки дај стварно тргнете ја некако Данела, не знам како, иако знам како. Ова е таква брука секојдневно што ја гледаме и барем ова не мора да го трпиме, кога веќе сме одлучиле да трпиме ваков франкенштајнски град. Обесчестен град, град кој скапува и град кој нема никогаш да си го врати својот идентитет, ниту веројатно ќе изгради нов. Стајте или некој со чизми што ќе биде градски хаус мајстор (и со тоа сум дури ок после данела) или некој што има некаков план (визија е претежок збор за било кој на повидок). Ова со Данела е срам за сите нас. Ете уште една прилика, покрај многуте, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се обединат:)
-пишува Георгиев на својата објава на ФБ.
foto FB