BBC: Повеќе судари за време на брканица на папараците по Хари и Меган низ улиците на Њујорк – за среќа избегната трагедија

0
91

Принцот Хари, Меган и нејзината мајка беа вклучени во „речиси фаталнo бркање со автомобил“ со папараци, изјави портпаролот на двојката.

Инцидентот се случи додека војводата и војвотката од Сасекс присуствувале на церемонијата на доделување награди во Њујорк во вторникот, објави BBC.

Портпаролот на принцот Хари во соопштение истакнал дека „немилосрдната потера“ траела повеќе од два часа.

Се додава дека речиси дошло до судир со други возила на коловозот, пешаци, полициски службеници.

„Кога си славна личност, тоа носи одредено ниво на јавен интерес, но цената на ова никогаш не треба да ја загрозува нечија безбедност“, рече портпаролот.

„Ширењето на овие фотографии, со оглед на начинот на кој се добиени, поттикнува многу наметлива практика која е опасна за сите инволвирани.

Од њујоршката полиција не го потврдија сознанието за инцидентот.

Се вели дека инцидентот се случил по првото јавно појавување на двојката заедно по крунисувањето на кралот Чарлс III претходно овој месец.

Хари и Меган присуствуваа на наградите Women of Vision со мајката на Меган, Дорија Рагланд.

 

извор: BBC.