Силјаноска Давкова: Пендаровски ми ѕвонел да ми честита, ама јас си го заборавив телефонот дома

0
82
Македонските граѓани се одважија без оглед на етничка, верска, социјална и друга положба да излезат достоинствено и да го дадат гласот на оној којшто сакаат, изјави вечерва претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.
„Не ми се случило да ги убедувам граѓаните дека сум најдобриот избор, дека сум неповторлива и слично, оставав изборот да го направата тие и мислам дека направија вистински избор. Има ли поголема промена од тоа жена да стане претседател на оваа државничка, држава? Мислам дека со мене, кога ќе се опкружам со слични жени на мене, свои, субверзивни, стамени, тоа е реформски чекор“, рече Силјановска и додаде дека Стево Пендаровски ја барал да ѝ честита, но таа не го носела телефонот со себе.
Претходно кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, го призна поразот и ѝ ја честиташе победата на Сиљановска Давкова на Претседателските избори 2024.
slobodnaevropa.mk