Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ во реалното шоу за нејзиниот живот „Цеца шоу“ откри дека била бремена, но го загубила бебето еден и пол месец пред венчавката со Жељко Ражнатовиќ Аркан. Во шоуто Цеца првпат кажа детали за кои до сега не зборувала во јавноста и призна дека чекала дете со Аркан пред Вељко и Анастасија.
„Јас и Жељко чекавме бебе пред да се венчаме. Свадбата ја закажавме во февруари, а јас во меѓувреме останав бремена. Во меѓувреме, за жал, го изгубив нашето бебе“, вели Цеца во емисијата.
И покрај загуба, Цеца и Аркан решиле да ги продолжат подготовките за венчавката:
„Се договоривме да не го поместуваме датумот на венчавката, па свадбата ја направивме на 19 февруари 1995 година како што планиравме“, рекла таа.
idol.mk