Американската вселенска агенција NASA објави спектакуларна снимка од сондата Orion како удира во атмосферата на земјата со брзина од 11 километри во секунда.
Тоа е 32 пати побрзо од брзината на звукот. Видеото е снимено за време на мисијата Artemis 1 на NASA минатата година, а сега конечно е објавено.
Мисијата Artemis 1 се упати кон Месечината минатиот ноември и служеше како прв тест на NASA на масовен вселенски систем за лансирање што еден ден треба да ги врати луѓето на Месечината, а подоцна да ги однесе на Марс.
https://twitter.com/i/status/1734325197145059632
konekt.mk