(ВИДЕО) Милица Павловиќ во Дубаи, доби цвеќе од поранешен француски играч

Српската пејачка Милица Павловиќ отпатува за Дубаи каде ќе настапи во фан зоната на концерт организиран по повод Светското првенство во фудбал. Таа во Дубаи пристигнала ден пред настапот, па се пофали со фотографија на социјалните мрежи како ужива во друштво на познатиот поранешен француски репрезентативец и играч на Баерн, Франк Рибери.

Милица на 21 ноември отпатувала за Емиратите, а таму се сретнала со пријатели од Србија, со кои отишла на забава. Павловиќ седела во луксузен ресторан, а на масата до неа бил поранешниот француски репрезентативец и играч на Баерн, Франк Рибери, кој веднаш ја забележал нашата пејачка и ѝ подарил цвеќе, пишуваат српските медиуми.

Пробата е завршена, а ние сме спремни 📸   ✔️

Наскоро ќе се сретнеме на отворањето на српската фан зона за сите навивачи на нашата репрезентација во Дубаи! Забавата само што почнува, напиша Милица во објавата на Инстаграм

 

vesnik.com