(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија, два шлепера се судрија и изгореа на автопат

0
295

Тешка сообраќајна несреќа во која целосно изгореле два шлепера се случи денеска на автопатот меѓу Нови Сад и Белград кај местото Ковиљ, јавија локалните медиуми.

Според првичните, неофицијални информации, шлеперите се судриле во моментот кога едниот го претекнувал другиот, по што двата камиона излетале од патот и се запалиле. Сообраќајот во правец кон Белград попладнево беше во прекин.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Двајцата возачи, на возраст од 40 и 42 години, биле примени во болница во Нови Сад со бројни повреди, но не се во животна опасност, според медиумите.

slobodenpecat.mk