Постигнат договор меѓу Косово и Србија за регистарските таблички

0
235

Косовската и српската страна постигнаа договор за регистарските таблички, потврди високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел.

„Имаме договор! Со големо задоволство можам да објавам дека главните преговарачи на Косово и Србија, со посредство на ЕУ, договорија мерки за избегнување на понатамошна ескалација и целосно да се концентрираат на предлогот за нормализација на нивната односи“, објави Борел на Твитер.

Борел изјави дека Србија ќе престане да издава регистарски таблички со имињата на косовските градови и дека Косово ќе ги прекине понатамошните активности поврзани со пререгистрацијата на возилата.

„Ќе ги поканам партиите во наредните денови да разговараат за следните чекори. Му благодарам на Мирослав Лајчак за неговата напорна работа“, додаде тој.

 

 

Радио Слободна Европа