Од денеска Македонија полноправна членка на Унијата за Медитеранот

0
136

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, ќе присуствува на настанот во Барселона, каде по официјалниот прием во Унијата ќе учествува во работата на состанокот како претставник на рамноправна членка на организацијата
Северна Македонија од денеска ќе стане полноправна членка на Унијата за Медитеранот. На свечениот чин на пристапувањето, што се случува во рамки на Седмиот регионален форум на Организацијата во Барселона, ќе присуствува шефот на дипломатијата Бујар Османи.

На состанокот на шефови на дипломатиите од 42-те земји членки на Унијата за Медитеранот, Османи учествува на покана на министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка на Шпанија, Хозе Мануел Албарес, јорданскиот заменик премиер и министер за надворешни работи Ајман Сафади и високиот претставник за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеф Борел.

По приемот на земјава во Унијата, Османи ќе учествува во работата на состанокот како претставник на рамноправна членка на организацијата.

 

360stepeni.mk