(ФОТО) Благица Павловска имаше операција на десната рака, јавно се заблагодари на докторите

0
348

Познатата македонска фолк пејачка Благица Павловска деновиве имаше хируршки зафат на десната рака. Таа објави фотографија на социјалните мрежи и моментот од нејзиното закрепнување го сподели со своите фанови при што во објавата напиша:

-Најголема благодарност за успешната операција на десната рака и третманот на високо ниво на доктор Христов и доктор Талевски и на мојот животен ангел чувар, др.Вики Толевска. Ви посакувам од срце долг живот и многу успешни операции и насмеани лица. После секое ваше успешно животно дело. Воедно голем поздрав трауматологија и од сите доктори благословени да сте од Господа и секогаш спремни за спас на човечкиот живот. Да живее „8 Септември“, Воената болница и нашата мила Македонија, напиша Павловска во својата објава на ФБ.

 

foto FB