Активно се вклучуваме во кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“. За таа цел денес на Градскиот плоштад во Охрид се одржа настан за промоција на згрижување.
Како Локална самоуправа со конкретни чекори се вклучуваме во кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач” и веќе работиме на тоа за згрижувачките семејства да обезбедиме еднократен причен надомест од 15 000 денари. Ова ќе го предвидиме во програмата за социјална заштита за 2023 година.
Оваа помош и поддршката од Општината за хуманите семејства кои ќе ја поддадат раката за да згрижат дете, ќе претставува почеток на поддршката која ќе придонесе децата да продолжат да живеат во семејство, во заедница и во позната околина, пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.