Компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи и се се регистрирани со шифри на дејност 10.41, 10.51, 10.61, 10.71 во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи како и производители на јајца ќе имаат фиксна цена на електрична енергија. Оваа цена на струја која што ќе ја обезбеди Владата ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулиран пазар, кажа министерот за економија Крешник Бектеши по денешната средба со претставници од прехранбената индустрија.
Како што кажа министерот ова е една од мерките кои ги вети Владата за поддршка на прехранбената индустрија, а која ја реализира Министерството за економија.
„Работиме заедно со производителите на преханбени производи во креирањето на мерки со цел сите заеднички да придонесеме во ублажувањето на кризата било тоа економска, финансиска или енергетска. Како што најавивме и претходно и премиерот Димитар Ковачевски и ние како Министерство за економија, веќе ги подготвивме сите мерки се со цел да им излеземе на пресрет на тие компании кои ги преизведуваат основните преханбени производи„ изјави Бектеши и додаде дека овие мерки се со цел компаниите, пред се производителите на основни прехранбени производи да имаат предвидливост и на таков начин да можеме да влијаеме и врз цените на финалните производи кои се произведуват и се продават од овие компании.
Како што кажа министерот, предлогот е доставен до Стопанските комори, а со него е предвидено мерката за субвенционирање на цената на електричната енергија за прехранбената индустрија да трае до крајот на април
biznisinfo.mk