Нови најави за подметнати бомби во скопски средни училишта

Нова закана за бомба попладнево пристигнала во средното училиште Раде Јовчевски Корчагин во Скопје. Истата порака ја има добиено и училиштето Орце Николов.

На учениците кои биле присутни во втората смена им било соопштено да ги напуштат училниците за краток период, и дека се ослободуваат од настава до крајот на денешниот ден. Учениците веќе се излезени од училиштата, а полициските екипи пристигнати на терен

Дека е испратена дојава за бомба во неколку средни училишта во Скопје потврди и директорот на гимназијата „Орце Николов“ Митко Димовски во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК

„Пораката денес е пратена од друга електронска адреса, но повторно е за седум-осум училишта. Децата се ослободени од настава и повикана е полиција. Мора серизоно да се преземе нешто, не може секој ден да прекинуваме настава“, вели Димовски.

 

Фото: Архива