Апасиев: Нема уставни измени во овој мандат, а во идниот уште помалку, зашто Левица ќе има двоцифрен број мандати и тогаш позициите ќе бидат драстично сменети

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев за „Канал 5“ кажа дека праламентарниот состав нема да ги изгласа уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот.

„Нема уставни измени во овој мандат, а во идниот уште помалку, зашто Левица ќе има двоцифрен број мандати и тогаш позициите ќе бидат драстично сменети. Нема да има уставни измени. Тие ќе сторат сè за да остнат на власт, но нашиот став е да одиме на избори“, вели Апасиев.

Со ВМРО-ДПМНЕ ниту сме во неформална коалиција, ниту во брачна заедница, туку имаме слични ставови, вели Апасиев за „канал 5“.

извор: Канал 5