Скопјанец набавил фалсификувана банкнота од 500 евра

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.Л.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари по член 268 Кривичниот законик.

Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 500 евра и на 26.11.2021 ја употребил при купување продукти во продажен објект во Скопје.

По преземени мерки и извршено вештачење било утврдено дека банкнотата е фалсификувана.

 

makfax.mk