Јужноафриканската полиција ги истражува околностите во кои трагично го загуби животот Маја Јанеска, познатата инфлуенсерка и мејк-ап артистка која потекнува од Македонија. Таа во петокот била пронајдена со прострелна рана во главата, јавува еден јужноафрикански портал.
Според порталот, полицијата не ја третира смртта на Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите изјавиле дека не можат да веруваат дека таа сама би си го одзела животот.
„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Смртта ја потврдил лекар“, изјавил портпаролот на полицијата Масондо.
Порталот пренесува дека нејзиното момче за време на настанот било во домот.
Познатата инфлуенсерка пред неколку дена била во Македонија.
infomax.mk