На просторот на поранешна Југославија, од Вардар до Триглав, денеска живеат околу 3,5 милиони луѓе помалку за разлика од 1991 година, кога почна крвавиот распад на федерацијата, покажуваат резултатите од досега спроведените пописи на населението.
Најголемо губење на населението е забележан во БиХ во која денеска, според проценките на тамошниот завод за статистика, живеат дури четвртина луѓе помалку во однос на почетокот на граѓанската војна.
Резултатите од најновиот попис на населението во Македонија покажуваат дека земјава загубија околу 10 отсто од населението за разлика од 1991 година, идентично како и во Косово.
Србија е посиромашна за 1,192,237 луѓе во однос на 1991 година, а во Хрватска денеска живеат една петтина помалку жители.
Иако во Словенија се бележат раст на популацијата за седум отсто, демографите тој податок го толкуваат со податокот дека со децении во неа емигрира висококвалификувана, но и неквалификувана работна сила од останатите поранешни југословенски републики.
„Во моментот, во сите републики на поранешна СФРЈ повеќе луѓе умираат одошто се раѓаат. Во Црна Гора, во Македонија и во Словенија, природниот прираст во последната деценија воглавно се движеше околу нула“, вели, меѓу другото, Александар Кнежевиќ, вонреден професор на Географскиот факултет во Белград.
telma.mk