Во сабота 250 март за прв пат ќе се одржи првата црковна Литургија по повод празникот Св.Кирил Лешочки кој ќе се одбележува од оваа година откако во октомври 2022 беше извршена канонизација Кирил Пејчиновиќ, кој така беше прогласен за светец.
-Ќе се одржи Света Архиерејска Литургија со почеток во 8 часот во храмот Св.Атанасиј во Лешок. Литургијата ќе ја предводи митрополитот тетовкско-гостиварски г Јосиф во сослужение на повеќе митрополити и свештенослужители. Повик до верниците да дојдат да се помолат за светителот и за здравје на нивните семејства , соопшти денеска тетовско-гостиварската епархија.
Кирил Пејчиновиќ е роден во Теарце во 1771 година а почива во дворот од Лешочкиот манастир.