Штипскиот градоначалник добил закани по живот од вработен во општината

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов добил закана по живот од вработен во Општината. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден. Сторителот е познат на полицијата. Јорданов денеска пред новинарите потврди дека вчера инцидентот го пријавил во полиција.

-Не би сакал да навлегувам во деталите, за да не влијаам во постапката. Верувам во институциите на системот, сето она што е пријавено СВР-Штип го има веќе како детали. Станува збор за вработено лице во Општина Штип, кое во минатото е познато на полицијата по вакви случки. Така што оставам на институциите на системот да ја утврдат состојбата, вели Јорданов.

Прашан дали освен вчера и завчера имало инцидентот во неговиот кабинет, Јорданов со одговор дека деталите ги има СВР-Штип.

Инаку на штипската јавност вработениот во општинската администрација и е познат по тоа што пред неколку години исто така се има заканувано на еден од градоначалниците на Општина Штип.

Во текот на денот се очекуваат детали за инцидентот од страна на СВР-Штип.

 

Фото: Архива