АЛФА: Филипче и Анѓушев една недела молчат,излезе нов доказ – обвинителите го тргнеле греманското вештачење како доказ

Шест дена молк – ниту збор, ниту демант, ниту реакција од поранешниот министер за здравство Филипче и сопственикот на „БРАКО“ Анѓушев за обвинувањата дека биле „искрата“ за пожарот во тетовската модуларна болница, каде изгореа 14 живи луѓе. Филипче треба да одговори зошто контроверзниот тендер за изградба на монтажните болници бил спроведен како набавка на парчиња, а не како цел објект и така заобиколиле потребните градежни и безбедносни протоколи. Фирмата „БРАКО“ на Анѓушев треба да одговори зошто при изградбата се користеле материјали кои биле лесно запаливи и биле причината што толку брзо пожарот избувнал, објави АЛФА.МК.

Меѓу бројните дилеми поврзани со трагедијата во Тетово,и натаму останува отворено прашањето – зошто извештајот од германските форензичари бил отфрлен? Во него јасно стои дека материјалите и самата градба биле проблематични и затоа болницата беше брзо пеплосана.

ИРЛ објави нова аудио снимка каде што се демантираат ставовите на обвинителството. Имено, според снимката, обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека нивното вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Прво самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што, за да потоа бараат за истото да не се расправа. На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт, па и ја набедуваат одбраната дека целта им е само да се одолговлечи судскиот процес.

 

Текстот во целост на: АЛФА.МК