Групна тепачка во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, приведени 9 лица

На 01.01.2023 во 03.20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле шест лица на 18 и 19 год и еден 17-годишен малолетник, сите од Кавадарци, како и 46 годишен од селото Велгошти, охридско и 33 годишно лице од Охрид. Тие, во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид