На 01.01.2022 во 02.35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле В.В.(25) и И.М.(25), двајцата од Република Србија, и В.И.(19) од с.Брвеница, тетовско, затоа што во близина на угостителски објект на булевар „Македонски просветители“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид