Мицевски: Дали новото мнозинство за 10 месеци ќе направи нешто реално за граѓаните, освен грабање на функции

0
118

„Она што е многу битно за граѓаните, она што е битно за процесите кои што следуваат е дали ова ново мнозинство јас би прашал повеќе нема да значи или ќе значи ова ново мнозинство промена на расположението на граѓаните кон фактот дека ова е најнеспособната и најкорумпираната Влада. Не. Значи остануваме со фактот, и остануваат граѓаните со јавните анкети, креирањето на јавните мислења и сето она што се случува и укажуваат дека ова е најкорумпираната власт“, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Мицевски запраша дали новото мнозинство кое што го најавува помпезно власта ќе успее нешто за 10 месеци да направи нешто за граѓаните. Според работи како што стојат сега тешко дека и новото мнозинство ќе направи нешто за подобар живот на граѓаните. Граѓаните веќе не веруваат во оваа корумпирана Влада.

„Ние сме во Собранието и ние имаме точен број на закони кои што ги имаме поднесено и она што значи опозициска работа. И колку се одбиени од тие и можам да ви кажам, и дека околу 90% од тие закони кои што ги имаме поднесено, а не се малку на број се одбиени“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Владејачкото мнозинство кога веќе се договорило да направи Влада и да партиципираат во неа има обврска да собере 61 пратеник кој што ќе гласаат по основ на одредени законски решенија. Да, ние даваме поддршка но на оние закони кои што значат борба со корупцијата во моментов, поддршка на граѓаните, мерки кои што ќе го подобрат животот и во те како тешката состојба во која што се наоѓаме, и тие се гласаат и експресно поминуваат со нашата поддршка“, нагласи Мицевски.

Мицевски рече дека за закони каде што меѓусебе власта политички се договара кој повеќе тендери да земе, или закон да се донесе за кој повеќе да приграби од и така напатениот намачен македонски народ, поддршка од ВМРО-ДПМНЕ нема да ја добијат.

Мицевски во текот на емисијата исто така посочи дека членови на власта и на парламентарното мнозинство имаат проблеми и тоа се гледа од тоа што се почесто и се погласно ги истакнуваат своите забелешки за нефункционирање на системот, како што беше случај вчера, кога претседателката на ЛДП, Моника Зајкова како причината за иселувањето на младите го посочи нефункционирањето на системот.

„Ова најавено влегување на Алијанса треба и да се случи, затоа што гледаме дека има забелешки од други коалициони партнери. Некако срамежливо најавуваат некои одредени работи, како на пример во текот на вчерашниот ден имавме една изјава на претседателката на Либерално Демократска Партија, која што упати забелешки за големото иселување на младите наоѓа во системот. Инаку тој е тој истиот систем кој што Либерална демократска партија 68 месеци го поддржува“, рече Мицевски.

Мицевски го посочи и владиниот коалиционен партнер, претседателот на ДС, Павле Трајанов кој што исто така јавно упатува критики и забелешки за нефункционирање на системот, особено во делот на безбедносниот сектор, но од друга страна исто како и ЛДП, 68 месеци даваат поддршка за тој нефункционален систем.

„Имаме одредени напади врз актуелните владини. Реков за колешката Зајкова која што е претседател на ЛДП, која што наоѓа забелешки на системот за бегањето на младите. Ќе кажам и забелешки од претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов кој што наоѓа забелешки на системот и функционирањето на системот во делот на безбедносната сфера. Имаме и многу други пратеници кои што имаат забелешки. Е сега, дали тие забелешки ќе ги манифестираат со гласање на одредена доверба на Влада, дополнување, измена на влада, промена на Влада со одредени министри или нешто друго, тоа ќе го видиме. Меѓутоа, дека системот не функционира е факт. Дека овие пратеници за кои што зборувам и тивко зборуваат за забелешките, а некои веќе почнаа и јавно да зборуваат, укажува дека 68 месеци тие добиваат поддршка од нив“, истакна Мицевски.

извор: ВМРО ДПМНЕ