Османи: Осум наши државјани биле на локациите каде што се случил земјотресот во Турција, од нив двајца се повредени, врз едниот извршена хирушка интервенција

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изјави дека осум наши државјани биле на локациите каде што се случил земјотресот во Турција, од кои двајца се повредени.

-Денеска цел ден работевме на ова прашање, нашите претставници од Северна Македонија контактираат со Амбасадата во Анкара и со Генералниот конзулат во Истанбул, така ги добивме информациите по однос на наши граѓани што се наоѓале на локациите каде што се случи земјотресот, стапија и во комуникација со нивните семејства. Според тие информации осум наши државјани биле на тие локации, од кои двајца се повредени, едниот со потешки повреди врз кој е направена хируршка интервенција, рече Османи, на прес-конференција по Конференцијата за антисемитизам.

Тој изрази уверување дека нашите дипломати веќе се пристигнати на локациите и оти ќе имаме поточни информации тогаш.

извор: ТВ 21