Во текот на ноќта бројот на загинати значително се зголеми, 8 400

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани бидејќи бројот на загинати од разорните земјотреси долж границата меѓу Турција и Сирија надмина 8.400. Се очекува бројот да се зголеми бидејќи спасувачките напори на мултинационалните спасувачки тимови се забрзуваат во услови на замрзнување и бурно време. Десетици илјади луѓе беа повредени.

 

Во Сирија, каде здравствениот систем и инфраструктурата се уништени од 12-годишна војна, побавно пристигнуваат вестите за бројот на загинати. Додека тимовите за пребарување и спасување од целиот свет пристигнаа во регионот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те најтешко погодени провинции.

 

index.hr