Земјотрес од 3,8 степени во Албанија, епицентарoт во близина на Драч

Утрово во 08:34 часот е регистриран земјотрес во Албанија.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во Јадранското море на 29 километри од градот Драч, на 2 километри длабочина.

Земјотресот е почувствуван во повеќе градови во Албанија.