Од почетокот на 2015 година до јули минатата година, 8.474 Албанци добиле одобрение за нивните барања за бугарско потекло. Албанците се на петтото место меѓу странците што аплицирале за бугарски пасош. Пред нив се Македонија, Украина, Молдавија и Србија. Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ) излезе со бројки во јавноста за дадена согласност за добивање бугарско државјанство, објави 4news.mk.
Гореспоменатите податоци се од извештајот за јавноста на Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ). Уверението за бугарско потекло се користи за добивање бугарско државјанство по поедноставена процедура. Наспроти ова, има 650 одбивања, од кои повеќе од две третини – 465 се издадени во 2015 година. Во другите години одбивањата се минимален процент, покажуваат официјалните податоци.
Во периодот 2015 – 2020 година бугарски пасош добиле 2.622 Албанци, што може да се види од извештаите на претседателството што ги издава уредбите за државјанство. Сепак, треба да се има предвид дека постапката бара време и веројатно некои од оние што ја добиле потврдата за бугарско потекло сѐ уште не ја искористиле за да добијат државјанство.
Во ДАБЧ беа констатирани недоследности, меѓутоа сега агенцијата работи педантно, по строго одредена законска процедура.
Текстот во целост на: 4news.mk.