(ВИДЕО) Каков документарен филм снимија Бугарите во Македонија?

0
238

„Бугарин во Северна Македонија“ е насловен документарецот што го направи бугарската телевизија БТВ во Охрид.

„По серијата вандализам во Северна Македонија и тепањето на Христијан Пендиков екипа на БТВ е на пат кон нашиот југозападен сосед да дознае има ли омраза кон Бугарите таму. Ќе разговараме со неколкумина кои се родени и израснати во Северна Македонија, но тие велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на Насилство“, раскажува новинарката на БТВ.

Во филмот се гледа дека малкумина имале храброст пред камера да се изјаснат дека се Бугари. Единствено од соговорниците е 82-годишниот Крсте Трајковски, кој за БТВ изјави:

-Мојот дедо и нашите дедовци беа од Балканските војни. На еден народ историја да му ја спориш-нема. Тоа е исто, како на едно убаво лице да му ги извадиш двете очи.

БТВ разговараше и со двајцата браќа од Охрид, кои беа приведени веднаш по нападот на Пендиков.

Извор: БТВ