Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг објави емотивно видео на Инстаграм по повод 11-тиот роденден на нивната ќерка Мејбел Реј. На снимката се гледа како актерот ја бакнува ќерка си, ја носи на раменици и ја снима како свири на клавир, а во објавата има и заеднички фотографии во природа.
Среќен 11-ти роденден, Мејбел Реј. Твојата енергија е заразна. Ја осветлуваш просторијата со твојата насмевка и топлина. Прекрасно е да се види како го сакаш и се грижиш за своето семејство и пријателите. Продолжи да сјаеш, љубов моја“, напиша Ема во натпис на објавата.
Претходно, Ема објави и видео од нивната десетгодишнина од бракот, односно обновувањето на заветот, што го направија десет години откако првпат се венчаа. Вилис и Хеминг се во брак од 2009 година, заедно имаат две деца – Мејбел Реј и Евелин Пен, а со нив често се и децата на Брус од бракот со Деми Мур Румер, Скаут и Талула.
index.hr