Чоколадни Оскари

Доделувањето на Оскарите е најголемата прослава во Холивуд, па и храната и пијалоците кои ќе се служат на балот што следува по доделувањето мора да бидат врвни. Главниот шеф во кујната е Волфганг Пак, кој ја прославува својата 30-годишнина од кариерата. Тој вели дека не може да издвои што му е омилено од менито, но на гостите ќе ми бидат понудени и работи кои во минатото се покажале како омилени.

„Одлично е да се прави ова (храната за балот) за 30 годишнината… Секогаш имаме голема разноликост на традиционални иновации. Човек не може секогаш да прави сѐ ново, затоа што потоа на луѓето им недостига старото“, изјави Пак.

 

DW