Во Музејот „Троја“ во селото Тевфикије во турската област Чанаккале, кој е награден со две престижни европски награди, изложен е блескавиот накит на тројанските жени, стар повеќе илјади години, како и артефакти пронајдени при археолошките ископувања во регионот, известува Анадолу.
Музејот се наоѓа во близина на древниот град Троја, а посетителите имаат можност да се запознаат со величественоста на оваа цивилизација во чија златна ера настанале креативните и гламурозни предмети кои и денес се дел од поставката на музејот.
Музејскиот дел „Тројанско богатство“ во кој е изложен накитот што го носеле жените на Троја, се смета за еден од специјалните простори на музејот, чија репутација стана позната низ светот по освојувањето на Специјалната награда за Европски музеј 2020 година, како и на Специјалната награда на Европската музејска академија 2020/2021.
Овој музеј, отворен во октомври 2018 година, се смета за еден од најинспиративните и најважните современи археолошки музеи во светот.
Локалитетот Троја е вметнат на листата на светско наследство на Унеско во 1998 година.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.