На Табановце фатен Косовец кој возел француски „Голф“ со менуван број на шасија

0
111

На 03.06.2022 во 17.30 часот на Граничниот премин Табановце, при извршена гранична проверка на Н.А.(36) од Косово, кој бил со патничко моторно возило „голф“ со француски национални ознаки, било констатирано дека вин бројот во возилото и типската налепница отстапуваат од оригиналноста на возилото. Возилото со потврда било одземено, а тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

извор: МВР