Турски државјани фатени на Табановце – за 4.000 евра купиле фалц украински дозволи за престој

0
163

На 03.06.2023 во 13.15 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, биле лишени од слобода О.Е.(26) и Б.У.(41), двајцата од Р.Турција. При извршена контрола тие приложиле украински дозволи за престој, при што било констатирано дека истите биле фалсификувани. Во извршениот разговор двајцата изјавиле дека дозволите ги набавиле во Р.Турција за сума од околу 4.000 евра. О.Е. и Б.У. биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

извор: МВР