Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ , денес, го организираа традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“.
На базарот учество зедоа фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:
Базарот беше проследен и со културно уметничка програма во која настапија КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“; КУД „Филиграни“; КУД „Илинден“, учесниците на детскиот – музички фестивал „Распеано рибарче“, малите ѕвездички со КА – Двојче, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ и учениците од општинските основни училишта.
Велигденскиот базар имаше хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно.
извор: ФБ Кирил Пецаков