Традиционален фестивал на калинката во Халабџа, Ирак

Во Халабџа, Ирак започна традиционалниот фестивал на калинката, известува Анадолу.

Голем број лица го посетија фестивалот на калинката, кој се одржува во Градскиот парк во Халабџа и ќе трае 3 дена.

Гувернерот на округот Халабџа, Нухша Насих, за АА изјави дека годишно во градот се произведуваат 30 тони калинки, а дел од нив се продаваат во јужните провинции на Ирак.

Нагласувајќи дека калинката на Халабџа е квалитетна и секој треба да ја проба, гувернерот Насих напомена дека очекуваат фестивалот за 3 дена да го посетат 700.000 луѓе и дека за таа цел испратиле покани до странски претставништва и институции во земјата.

извор: Анадолија