Светлана Цеца Ражнатовиќ организираше уште една традиционална прослава во својот дом по повод празникот Свети Никола, а само неколку дена подоцна повторно е топ тема во сите регионални медиуми.
Овој пат одекна веста дека се „погрижила“ и за зимската сезона, па купила луксузен стан на Копаоник во кој ќе може да се всели од 1 јануари.
Според медиумските шпекулации, пејачката престојувала во апартманот со години пред конечно да го купи.
Во истата зграда во која Цеца го пазарела апартманот, престојувал претходно и Новак Ѓоковиќ.
Потсетуваме, пејачката поседува и голема куќа на Кипар каде со семејството секоја година ужива во летните денови.
espreso.mk