Истражувајќи ги сеизмичките активности на Марс, инструментот „InSight“ ги сними звучните сигнали на метеори кои паѓаат на планетата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста во научното списание „Sciences et Avenir“, инструментот „InSight“ на НАСА, што беше испратен за сеизмичко истражување на Марс во 2018 година, за прв пат успеа да сними звучни сигнали на метеори. Главен дизајнер на „InSight“ на НАСА е Институтот за физика „Paris Globe“.
„InSight“ во јули регистрираше серија земјотреси. Овој пат успеа да ги сними сеизмичките и акустичните бранови создадени од метеори кои паѓаат на Марс.
Рафаел Гарсија, истражувач во Високиот аеронаутички и вселенски институт во Тулуз, соопшти дека инструментот дури успеал да ги детектира и позициите на кратерите.
Научниците кои сакаат да дознаат повеќе информации за Марс, се надеваат дека ќе регистрираат благи сеизмички вибрации на Марс.
Метеорите, кои се претвораат во огнени топки кога ќе влезат во атмосферата на Марс, како што тоа е случај и на Земјата, создаваат сеизмички бран кога нивните нецелосно изгорени делови удираат на површината од планетата.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).