Во Скопје започна снимањето на новата турска серија „Балканска приспивна песна“

Во Скопје започна снимањето на новата турска серија „Балканска приспивна песна“, што ќе биде прикажа на турската државна телевизија ТРТ 1, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопштија продуцентите на серијалот, снимањето започнало на 14 мај, додека филмот ќе ги прикажува искрените и радосните приказни на балканскиот народ. Овој сериски филм во летниот период ќе биде прикажан на ТРТ 1.

Серијалот ќе ја раскаже љубовната приказна на двајца млади од различни националности во Скопје, кој 600 години беше османлиски град, каде што заедно живеат различни националности, како Турци, Албанци, Македонци. Ќе се раскаже нивната борба во насока на тоа во име на љубовта да го постигнат тоа што е невозможно.

Продуценти на серијалот се Јалчин Ари и Угур Узунок, режисер е Доган Умит Караџа, додека сценарист е Угур Узунок. Музиката во серискиот филм ќе биде подготвена од страна на Алпер Атакан.

Во главна улога ќе бидат турските актери Ердал Озјагџилар, Озлем Туркад, Емре Беј и Мерих Озтурк, додека останатите актери и актерки, меѓу кои се и актери и актерки од Северна Македонија, се Хакан Бојав, Џан Колукиса, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чигаџи, Дениз Ѓуркан, Емине Хаљиљ, Бурак Рахман, Сулејман Кара, Каан Тургут и Ерман Шабан.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).