Во среда лидерска средба Ковачевски-Мицкоски

0
147

Најавената средба на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски ќе се одржи во среда во Клубот на пратеници, соопшти владината прес- служба.

На средбата, како што се наведува, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

фото: Архива