(ВИДЕО) Златан Ибрахимовиќ низ солзи се прости од фудбалот на Сан Сиро

ПО последното лигашко коло од Серија А и средбата Милан – Верона, нешто неочекувано, Златан Ибрахимовиќ (41) се прости од фудбалот. Легендарниот шведски напаѓач не беше во составот на Милан за овој натпревар поради повреда на потколеницата со која долго време се мачеше, но беше на стадионот. Навивачите на Милан му посветија посебна кореографија нарекувајќи го бог, а по мечот шведскиот напаѓач со емотивно обраќање ги изненади сите и објави дека си заминува.

Дојде моментот да се збогувам со фудбалот, а не од вас“, им порача Златан на навивачите на Милан во емотивно обраќање.

“Би сакал да им се заблагодарам на моето семејство и на моите најблиски за нивното трпение. Би сакал да му се заблагодарам на другото семејство, кои се мои соиграчи. Сакам да му се заблагодарам на тренерот и неговиот персонал за одговорноста што ми ја дадовте. Ме пречекавте со отворени раце и цел живот ќе бидам миланец.Време е да се збогувам со фудбалот,но не со тебе.Претешко е,премногу емоции.Се гледаме ако имаме среќа.Форца Милан и се гледаме подоцна. – рече Златан во солзи, а целиот стадион плачеше заедно со него.

 

index.hr