Тројца британски туристи се исчезнати, а 12 се спасени откако денеска се запали моторен брод во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, соопштија египетски претставници и безбедносни извори, пренесоа британските медиуми.
Спасените туристи биле сместени во одморалиштето Марса Шагра, заедно со 12 членови на египетскиот екипаж и водичот, за британските медиуми изјавија од канцеларијата на гувернерот и два безбедносни извори.
Three British tourists missing after a fire on board a boat during a cruise in Egyptian Red Sea https://t.co/25GGTmiwiU
— BBC News (World) (@BBCWorld) June 11, 2023
Канцеларијата соопшти дека пожарот бил предизвикан од електричен краток спој на бродот, што од 6 јуни пловел северно од Марс Алам.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажаа бела моторна јахта во пламен во морето, додека густ чад се крева високо кон небото.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека е во контакт со локалните власти, како и дека е вклучено во давање поддршка на граѓаните.