(ВИДЕО) Toyota Supra вози на „стаклени“ тркала

Луѓето денес се подготвени да направат се за клик повеќе, па и да монтираат „стаклени тркала“ на спортски автомобил.

Токму тоа го направил сопственикот на „Toyota Supra“. Станува збор за четвртата генерација во црвена боја, автомобил кој со својата појава предизвикува интерес осигурува популарност на социјалните мрежи. Меѓутоа, ваквата „Supra“ е и повеќе од магнет за нови кликови.

@rota.do.caos Supra Glass Tires #accident #smash #carros #desafio #acidente #batida #car ♬ Sea Of Problems Sped Up

Верувале или не, оваа „Supra“ вози на сосема транспарентни тркала, ако овие плочи воопшто може така да се наречат. Јасно е дека со овој додаток автомобилот не добива ништо. Сосема е сигурно дека не се премногу употребливи, а уште помалку комфорни. Сеедно, ваквата примена на поликарбонат обезбедила создавање на снимка која досега е прегледана повеќе од 4,3 милиони пати на ТикТок.

А ако мислите дека овие тенки плочи ќе се скршат под масата на „Supra“, посебно кога силно ќе се стисне на гасот и тркалата ќе излизгаат, би можеле да се изненадите. Во секој случај, поимот „burnout“ со мирис на поликарбонат доби сосема нова смисла. „Супрата“, барем засега, преживеала.

kurir.mk