(ФОТО) Помалиот син на Панчо наполни 9 години

Владимир Блажев, попознат како Панчо од ДНК или како Диџеј Шорти Пи е една од јавните личности кои споделуваат детали и од својот приватен живот. Тој секоја прилика ја користи за да покаже колку е грижлив и внимателен татко, па така неговите двајца синот – Андреја и Марјан, често можеме да ги видиме на неговите социјални мрежи.

Сега, Панчо имаше посебна причина да го истакне само помалиот син. Имено, Марјан вчера наполни 9 години, а по тој повод се огласи и Панчо и јавно му упати честитка на наследникот.

„Времето лета, а ние секојдневно ги гледаме како растат и им се радуваме на секоја нивна искрена насмевка. Со Маки стигнавме до левел 9. Среќен роденден абдал мој, те сакам до небото и назад“ – напиша Панчо во емотивната честитка покрај фотографијата на кои позира со наследникот.

 

zenskimagazin.mk