Уапсен менаџерот на Јелена Карлеуша – осомничен е за продажба на кокаин

Менаџерот Новак Радин е уапсен пред неколку дена во Белград под сомнение дека продавал кокаин, како и поради сомнение дека нелегално држел пиштол и муниција од различен калибар во куќата во која живее, пренесуваат српските медиуми, објави Канал 5.

Според нив, кај Радин кој е менаџер на српската пејачка Јелена Карлеуша ,полицијата пронашла околу 50 грама кокаин и околу половина милион динари.

Радин ќе биде спроведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград, по што ќе бидат познати повеќе детали за овој случај, пренесува Нова.рс.

Новак Радин е познат менаџер кој покрај Јелена Кралеуша соработува и со други музичари од српската естрада.

Извор: Канал 5.