Миле Јанакиески и неговиот адвокатски тим ќе бараат спојување на сите притвори кои ги има издржано во период 4,8 години, за да му се засметаат во изречената казна од 3,6 години за случајот „Титаник“, дознава „Република“.
Барањето ќе биде упатено до претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев уште во текот на денешниот ден или најдоцна утре.
Ова барање доаѓа откако денеска Апелација му ја намали казната за девет месеци но Јанакиески сега ќе треба да одлежи три години и половина затвор.
извор: „Република“.