(ВИДЕО) Се урна мал авион во близина на Белград, загина пилотот

Телото на едно лице е пронајдено во полето со пченка кај Батајница каде денеска се урна мал авион, а според неофицијални информации, со леталото управувал неговиот сопственик.

https://www.youtube.com/watch?v=TTxGcm-A3No&ab_channel=24sedamTV

Малиот авион паднал во близина на Батајничка јамка, а според информациите на српските медиуми пилотот побарал помош бидејќи не му работеле командите.

Авионот се запалил по падот.

На терен се неколку екипи на итната помош и пожарникари.