До 17 часот гласале 44,18%

Одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, според податоците на Дражавната изборна комисија (ДИК) од 1788 избирачки места.

Од вкупно запишани 899 977 гласачи на овие избирачки места гласале 397 612 избирачи, односно 44,18 отсто, информираше на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Во првиот круг на минатите претседателски избори во 2019 до 17 часот гласале 568.110 гласачи, поточно 34,52% од вкупниот број на запишани гласачи.

По општини, денеска најголема излезност од 67,19 проценти има во Новаци, а најмала во Пласница 15,5 отсто.

Гласањето досега се одвива мирно во сите избирачки места, рече Даштевски.

До ДИК досега се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачоте им е овозможено да го остварат правото на гласт,, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.