Истанбул: Избеган мајмун повреди три лица

Три лица се повредени откако се нападнати од мајмун што побегнал од својот сопственик во квартот Бујукчекмеџе во турскиот град Истанбул, јавува Анадолу.

Мајмунот каснал жена што минувала на улица, а потоа постар маж за ногата.

Потоа мајмунот влегол во дворот на петкатница и нападнал сопственичка на стан при што ја повредил во пределот на главата.

Мајмунот потоа скокнал на балконот на вториот кат од истата зграда и го оштетил мебелот во станот.

Жената што во тој момент била во станот се заштитила криејќи се во друга просторија.

Откако скокнал од балконот, мајмунот се вратил кај својот сопственик, кој го барал.

Како што дознава новинарот на Анадолу, жената што е повредена во пределот на главата задржана е на болничко лекување, а повозрасниот маж што бил каснат за ногата е отпуштен по вакцинацијата против тетанус и беснило.

Граѓаните со мобилните телефони ги забележаа моментите кога мајмунот ја каснува жената на улица и го оштетува мебелот во станот.

извор:Анадолу.
фото:Анадолу.